Лидерски претензии
Foto

Лидерски претензии

До Централната изборна комисија попладнево кандидатура за претседател на СДСМ за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски, член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.

Денеска  и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски, најави дека сериозно размислува да се кандидирам за лидер на СДСМ и дека во текот на утрешниот ден  ќе ја соопшти неговата конечна одлука.

- Член сум на партијата 25 години и сум поминал различни нивоа од почетното најниско, до член на највисоките раководни структури на партијата. Сметам дека имам реални резултати во мојот професионален ангажман така што сметам дека можам да понудам и нов концепт околу кој ќе се обединат не само партијата, туку и општеството. Одлуката не е лесна. Предизвикот е голем, времето е доста комплицирано и одговорноста е голема. Одлуката ќе ја соопштам утре, бидејќи сакам денеска да го искористам денот да се исконсултирам дополнително со моите најблиски и со моето семејство зашто и нив ги вовлекувам исто така во целата приказна, рече Деспотовски.

Вчера во изјава за тв 24 Миле Зечевиќ од СДСМ рече дека „ќе одлучи до петок дали ќе ја поднесе својата кандидатура за лидер на партијата. Според него во вака клучни моменти чувствува одговорност, за како што вели, тој да  застане на браникот на СДСМ. Тој истакна и дека се смета за најдобар доколку би седнал како што го нарече,  „претседателскиот трон“ за справување со внатрепатриските односи и за заклучување на стабилноста на партијата. 

- Јас сум бил булдожерот на СДСМ во сите овие години, треба на сите кандидати да им се даде право да ги пренесат своите визии. Премиерот Заев отворено својата поддршка јавно ја дава кон кандидатот Ковачевски. Дали сака да се задржи мир во куќа не знам. Најдобро е да се сочува единството во СДСМ, не му се потребни турбуленции. Убеден сум дека никој освен Зоран Заев не може да ја води Владата во наредниот период за да добиеме шанса во 2024 година да излеземе на редовни парламентарни избори. Ова го правам за да се остави простор СДСМ внатре да се реорганизира, рече Миле Зечевиќ.

Досега своја официјална кандидатура за лидер на СДСМ поднесоа заменик министерот за финансии  Димитар Ковачевски, поддржан од премиерот Зоран Заев. И поранешната потпретседателка на СДСМ и поранешен  министер за труд и социјална политика Фросина Ременски. Дека нема да се кандидираат за лидер претходно се изјаснија Петре Шилегов и Венко Филипче.

0 Коментари

Остави коментари