Лидерска средба: Ковачевски во обид единствено Бугарите да ги стави во фокусот на уставните измени

Мицкоски без кокретен одговор дали ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на средбата која Ковачевски ја иницира за во понеделник во законодавниот дом со сите парламентарни партии. 

Сепак вели нивното присуство нема да биде безусловно ако само се дискутира за темите за кои сака Ковачевски, а на парламентарното мнозинство му порача ако се сигурни дека имаат 80 гласа за промена на уставот веднаш нека го иницираат неговото отворање.

И додека Мицксоки се уште се мисли, од Бихаќка во брифинг за тв 24 со порака, на сосатнокот премиерот ќе се обиде да добие поддршка вметнувањето на бугарите во уставот да биде единствената измена засега во уставот, повикувајќи се на европската иднина.

Според висок партиски фукнционер средбата е со цел ковачевски со еден потег да стигне до двотретинско мнозинство за отворање на уставот но и да ги пресече низата условувања кои доаѓаат од албанскиот блок. Според истиот извор Ковачевски е расположен да разговара за 20%, но да се најде модел и за јаизците на другите етнички заедници. Офиицјално само велат средбата е в понеделник.

Од албанскиот блок едногласни. Тргањето на 20 проценти кај албанскиот јазик нема да биде пречка за никого. 

Во меѓувреме пак останува иницијативата на Беса за лидерска на партиите од албанскиот блок, токму на тема отварање на уставот и бришење на 20% во делот на албанскиот јазик, но за сега се уште немаат конкретен одговор дали и кога таа ќе се случи откако ниту од партијата на Ахмети конкретно не се изјаснија дали би присуствувале на истата.