Лидерска средба: Европските интеграции и предвремените избори на агендата кај Пендаровски
По црвеното светло од Брисел, прва лидерска средба кај шефот на државата. Се очекува Пендаровски на маса да го стави предлогот – во иднина да не се прифаќа алтернатива на полноправното членство или евроинтеграции од втора категорија. Односно да не се прифаќаат наметнати креативни решенија туку конкретни чекори за целосно имплементиран процес. Една од главните теми се очекува да бидат и предвремените избори, за кои и власта и опозицијата се согласија дека треба да ги има.
ВМРО-ДПМНЕ денеска најавија силен притисок за предвремени парламентарни избори ако власта се предомисли – доколку пак се договорат, опозицијата најверојатно ќе бара Пржинска влада.
Алијансата за Албанците ќе бара предвремени избори најрано на 22 декември, а најдоцна во март. Неофицијано и ДУИ ќе бараат изборите да се случат од март, до месец мај. На иста линија за предвремени избори се и БЕСА и Алтернатива.
По неуспехот за добивање датум за преговори со ЕУ, премиерот Заев побара предвремени избори во кои граѓаните ќе го кажеле последниот збор – рече терминот допрва ќе се усогласувал
За разлика од ставот на владејачката СДСМ, партијата НСДП на чело со Тито Петковски која е дел од владејачкото мнозинство, смета дека големите политички партии треба да ја прекинат праксата на предвремени избори. Доколку тие навистина морале да се случат, да биле најрано во јуни.