Лидерска средба: Да или не?
Опозициската СДСМ бара итна средба на лидерите на сите парламентарни политички партии за како што велат - стабилноста во државава по настаните од изминативе денови.
Од Бихачка велат дека средбата е можност да се обединат сите политички субјекти со порака дека Македонија останува стабилна и посветена на мирот и соживотот.
Методија Илиевски – Потпретседател на СДСМ:
„Нашите граѓани треба да ја видат сликата на заедништво – сликата на лидери кои се подготвени да седнат на иста маса, да разговараат и заеднички да се справат со сите предизвици. Само така ќе ја зацврстиме довербата на граѓаните и ќе испратиме порака дека сме способни да ги зачуваме мирот и стабилноста. “
Премиерот Мицкоски пак вели дека ќе размисли за повикот на СДСМ иако не гледа причина во моментов за такво нешто.
Христијан Мицкоски – Претседател на Влада:
„Не сум размислувал, но деновиве што се пред мене ќе размислувам на таа тема и доколку навистина има аргументи што одат во таа насока, зошто да не. Но не гледам причина за такво нешто во моментов, вака ако гледам објективно “.
Доколку се случи, ова ќе биде прва лидерска средба која што е по барање на СДСМ како опозиција.