Лидерот на Левица Апасиев и експретседателот на Собранието Џафери се судрија и во Уставниот суд
Заврши јавната расправа во Уставниот суд по однос на иницијативата на претседателот на Левица Димитар Апасиев која ја поднесе против поранешниот собраниски спикер Талат Џафери поради како што е наведено во иницијативата претседателот на Собранието не постапил согласно Законот за референдум, за предлог-барањето кое Апасиев го поднел како граѓанин, па собранискиот спикер во 2022 одлучил сам, наместо да го предаде предлогот на Законодавно-правната комисија и до претседателот на матичното работно тело заради давање мислење за уредноста на иницијативата.
И двајцата денеска на дебата пред Уставните судии ги соочија аргументите за и против но одговараа на прашања на уставните судии .
Џафери пак не даде изјава за медиумите по завршувањето на расправата. Своето излагање најпрвин го почна на албански, но поради тоа што во во моментот физички не беа присутни преведувачите реагираше дека и нему му се ускратува човековото право по што судијката Добрила Кацарска предложи пауза од 10 минути додека да доје преведувачот но Џафери одлучи да ја продолжи дискусијата на македонски.
Во врска со иницијативата на Апасиев пак повикувајќи се на член 136 од деловникот тврдеше дека Апасиев не го испочитувал временскиот рок кој му бил даден за да го корегира поднесокот но и прашуваше зошто постапува еднаш како граѓанин а еднаш како пратеник.
- Одговорно тврдам дека мојата интенција не била да дискриминирам било кој пратеник поради неговата политичка определба. Секоја одлука која што сум ја носел била согласно деловникот а Апасиев не постапи по членот 136 од деловникот бидејќи не го испочитува рокот и се смета дека го повлекол поднесокот. Совеста ми е чиста и не ми била намерата било каква дискриминација но моето прашање е како Апасиев како народен избраник еднаш постапува со статус на граѓанин еднаш со статус на пратеник. - Талат Џафери Поранешен поретседател на собранието на Р.С.М.
Овој предмет доаѓа на расправа пред Уставниот суд по скоро две години откако претходно Граѓанскиот суд се прогласи за ненадлежен. Подносителот Апасиев пак најави дека доколку и Уставниот суд не донесе одлука со која ќе утврди повреда на неговите човекови права и дискриминација разврска ќе бара во Стразбур.