Лидерите на ОВК остануваат во притвор во Хаг
Поранешните челници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Сељими и Јакуп Красниќи ќе останат во притвор на Специјализираните совети во Хаг, поради ризик од влијание врз сведоците и можност за попречување на судската постапка, потврди портпаролот на судот, Мајкл Дојл.
„Судиите проценија дека постои реален ризик секој од обвинетите да го наруши текот на постапката или да изврши нови кривични дела, особено против лица кои сведочеле или се очекува да сведочат пред Специјализираните совети,“ изјави Дојл.
Тачи, Весељи, Сељими и Красниќи се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во периодот од 1998 до 2000 година, за време и по конфликтот на Косово.

