Лидерите на црногорската полиција на слобода

Опозицискиот пратеник на Демократскиот фронт, Небојша Медојевиќ во текот на ноќта го напушти затворот, во кој се наоѓаше од 1 декември, а неговиот сопартиец, пратеникот Милан Кнежевиќ излезе синоќа од заградата на црногорското Собрание, каде помина речиси две недели, со цел да избегне апсење.

Уставниот суд на Црна Гора вчера времено ги повлече одлуките на Апелацискиот и Вишиот суд за затворање на двајцата опозициски лидери.

По одлуката на Уставниот суд, членот на ДФ, Андрија Мандиќ истакна дека се исплатела борбата против власта, додавајќи дека не треба да се прифаќаат противуставни одлуки.

– Ова е мала победа, но многу важна, бидејќи со отпор покажавме дека можеме да најдеме решенија кои се во интерес на сите граѓани на Црна Гора. Ние не се откажуваме од нашата борба, нагласи Мандиќ.