Лидерите на албанските политички партии од земјава во вторник на ручек кај Рама

Лидерите на партиите на Албанците во Македонија  ќе одат на вечерен коктел кај албанскиот премиер Еди Рама. Според нив не станува збор за работен состанок со утврдена агенда, и не ги откриваат темите за разговор. 

Дел од албанските аналитичари велат дека ова не може да се толкува како мешање во внатрешните работи на Македонија. 

Единствено од движењето Беса се уште размислувааат дали ќе бидат присутни на средбата  во вторник во Тирана, иако велат дека сакаат да одат кај Рама но им пречи да седат на иста маса со Ахмети.