Лица со попречености продаваа велигденски експонати и побара заедница без предрасуди
Foto

Лица со попречености продаваа велигденски експонати и побара заедница без предрасуди

Повеќе стотина украси изработени од лицата со интелектуална попреченост од струмица беа изложени во центарот на градот со кој центарот Порака апелираше на заедница без предрасуди и пирфакање на различностите. Освен што ги продаваа тие ги изработуваа со помош на едукаторите докаувајки дека можат да бидат корисни во општеството

Експонати од текстил, метал, хартија, беа понудени во центарот на градот каде струмичани можеа да купат за Велигднеските празници. Соња Сачевска од центарот Порака вели дека украсите ги изработувале лицата со интелекутлана попреченост со помош на нивните родители а парите собрани од продажбата ќе бидат наменети за набавка на нови матријали

Центарот паралелно го реализира проектот „Преку креативност поблиску до социјална инклузија“ што го помага Општина Струмица, кој има за цел развој на креативните способности и потенцијалите за себеизразување на лицата со интелектуална попреченост.

0 Коментари

Остави коментари