Левица: Нападите врз синдикатите и нивните претставници се дел од владиното сценарио за нивно разбивање
Од Левица сметаат дека нападите врз првиот човек на Сојуз на синдикати на Македонија се дел од сценарио за слабеење на синдикатите. оттаму велат дека обвинувањата кон Слободан Трендафилов за политичка мотивираност и злоупотреби се дел од „учебнички модел“.
Според партијата првата фаза е дискредитација преку медиумски кампањи, а потоа следи прикажување како опозициски играч. Наредно е создавање перцепција дека лидерите се отуѓени од работниците. Како последен чекор, се посочува можност за користење внатрешни поделби за дополнително слабеење на синдикалното организирање.

