Левица ќе поднесе Предлог-закон за ставање крај на кризата со коцкање
Левица ќе поднесе Предлог-закон за речиси целосна забрана на коцкањето и ограничување на рекламирањето на игрите на среќа.
Со предложените измени на Левица, како што најави пратеникот Амар Мециновиќ се воведуваат суштински ограничувања на дејноста за коцкање и приредување на игри на среќа, односно казината и автомат клубовите ќе можат да работат само во граничен појас до пет километри од границата или во категоризирани хотели со пет ѕвезди.
Според Мециновиќ, институциите мора да покажат дека човечкото достоинство, семејната стабилност и иднината на младите се поважни од секој вид на приватен профит.

