Левица ќе и поднесе кривична пријава на „антикорупционерката“ Цвета Ристовска
Партијата Левица ќе поднесе кривична пријава за антикорупционерката Цвета Ристовска, која вчера си поднесе оставка од комисијата.
Претседателот на партијата Димитар Апасиев вели дека нивниот правен тим ја подговтува кривичната пријава за лажирање на податоците од анкетниот лист за прикривање на фирмите на нејзините синови.
Тој ги повика граѓаните кои имаат докази против корумпирани функционери, да им ги достават во Собранието.

