Левица ја достави иницијативата за референдум до ДИК

Левица и официјално ја поднесе иницијативата за референдум до ДИК со прашање Дали се за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022.

Лидерот на партијата Апасиев вели дека референдумското изјаснување е демократско право и не е антиевропско но целта е да и се испрати јасна порака на ЕУ дека треба да се направи нова преговарачка рамка во која нема да бидат содржани бугарските барања.

Од Левица велат очекуваат поддршка од сите партии од опозицискиот блок, и за сега не се разговарало со нив но велат спремни се да седнат на преговарачка маса. Иако велат ја очекуваат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ сепак лидерот на партијата Мицкоски денеска посочи дека прво ќе почекаат да стигне иницијативата до Собрание.

Од СДСМ исто така велат ќе ја разгледале иницијативата, но велат Левица и ВМРО-ДПМНЕ веќе покажале дека се антиевропски партии.

о крајот на неделата се очекува да бидат собани оние првични минимум 100 потписи велат од Левица а веќе следната недела иницијативата ќе биде доставена до законодавниот дом и собранискиот спикер Џафери.