Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис

И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на реката Пчиња за сопствени бизнис-интереси, обвинуваат од Левица. Од партијата велат дека додека власта зборува за наводно уредување на речно корито, жителите на терен гледаат ново масовно вадење материјал од реката.

„Институциите не смеат зад бирократска терминологија да сокриваат интервенции чии последици директно ги чувствуваат луѓето што живеат покрај Пчиња“, велат од партијата.