Левица: Дигиталната концепција е брзоплета реформа

Министерката Царовска во обид да го оправда заемот од 25 милиони евра за таканаречени образовни реформи, со брзи, непромислени и нетранспарентни чекори, најавува укинување на учебниците и воведување на дигитални учебници, велат во својата реакција од Левица.

Царовска, без никакво чувство за приоритети во држава каде 455.000 живеат на работ на сиромаштија, очигледно не може да ги земе во предвид главните проблеми со кои се соочува образовниот систем.

Се поставува прашањето, како Царовска ќе имплементира ваков сериозен и комплексен зафат, со енормни финансиски средства, кога шест месеци подоцна, уште не е ставена во употреба националната платформа која заев и царовска помпезно ја најавија во септември минатата година, прашуваат од Левица.