Левица денеска до Собранието поднесоа „Декларација за осуда на бугарските национал-шовинстички претензии“
Левица до собранието поднесе декларација, како што велат за осуда на бугарските нацинал-шовинистички претензии, декларацијата содржи десет точки - меѓунив Собранието да го отфрли бугарскиот т.н. Објаснувачки меморандум.
Со декларацијата се бара итно запирање со работа на заедничката меѓувладина експертска комисија формирана со договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија.
Се очекува декларацијата да биде на дневен ред на 20 та седница на собранието, што би се одржала на почетокот на ноември.

