Левица бара одговорност и оставка од Тошковски

 

Од Левица пак велат дека ги осудуваат  инцидентите и нередите околу непочитувањето на македонското знаме и  не само што бараат одговорност и оставка од Тошковски, туку уште еднаш потсетуваат на македонската платформа, која беше основен услов за каква било постизборна коалиција на Левица со ВМРО-ДПМНЕ.

 -Последниве инциденти потврдуваат зошто власта предводена од ДПМНЕ не прифати македонската платформа да биде потпишана од промакедонските партии со цел утврдување на национален концензус заради превенција од уцените кои доаѓаат од партиите на албанското малцинство. Точките од македонската платформа, предложена од Левица, мора да бидат минимум црвени линии на сите партии во државата пред кои нема попуштање ако сакаме да ни остане нешто од Македонија, велат од партијата Левица.