Левица бара намалување на патарините

Намалување на цените на патарините за 50 отсто е новиот предлог на Левица. Причина за тоа е тоа што Македонија е меѓу земјите во регионот и на континетот со најскапи патарини со просечна цена од 2,6 денари по изминат километар.

Нивните пресметки велат дека  само во 2023 година македонските граѓанби платиле  62 милиони евра за патарини. Од Левица дополнително се револтирани поради патиштата кои се во катастрофална состојба, целите со дупки, свлечишта како и незавршени делници и криминални тендери.  

„Сметаме дека ова ќе воведе транспарентност во носењето на одлуките поврзани со патарините.Затоа што досега власта можеше кога ќе посака да ги зголемува патарините без никаква контрола. Додека министерствата се преполни со криминални шеми на делење милионски тендери, народот е оставен да плаќа за нивните глупости.“ - Амар Мециновиќ пратеник Левица.

За илустрација еден штипјанец доколку работи во Скопје на годишно ниво плаќа 1200 евра, доколку еден австриец на за истиот период  плаќа 100 евра за коирстење на автопатиштата во неговата држава.

Мислев дека Левица како партија која што се грижи за граѓаните, денес ќе излезеше и ќе се пофалеше со тоа што Јавното претрпијатије за државни патишта има за 40 проценти поголема наплата во однос на претходната година, а не да гледаме вакви популистички предлози кои немаат врска со реалноста и кои што не можат да се имплементираат, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски. 

„Добро е со нивната коалиција СДСМ да дадат предлози, како тие средства кои што влегуваат во буџетот по однос на приходи би се алоцирале од некое друго место така да ете ќе го видиме законот. Па ќе ви кажеме став но, и тој иде во насока на некој несериозни популистички дневно потребни решенија за политички дискус кои немаат некоја суштина во реалноста.“ - Бојан Стојановски пратеник ВМРО-ДПМНЕ.

Фатмир Битиќи од СДСМ, вели дека треба да видат која е целат за намалувањето на патарините но, како што посочи, да не испадне дека едни трошци се намалуваат а други се зголемуваат и граѓаните ги надополнуваат со плаќање преку други давачки. 

„Да не испадне да намалиме трошоци овде ама другите граѓани да ја плаќаат разликата преку други давачки кои што некој ќе ги зголеми затоа во водење на државата секогаш е така на некого ќе намалиш а на некој друг ќе треба да го дополни тоа што го  изгубил па да испадне тие кои што воопшто не користат патишта да ја платат разликата.“  - Фатмир Битиќи пратеник СДСМ.

 

Месечен трошок за работни денови за патарини западна Македонија 

Скопје - Тетово во два правци 3520 денари.

Скопје - Гостивар во два правци 5280 денари 

Тетово - Гостивар во два правци 1760 денари. 

 

Месечен трошок за работни денови за патарини Источна Македонија 

Скопје - Штип во два правци 3250 денари

Скопје - Кочани во два правци 3250 денари

 

Македонија меѓу земјите во регионот со највисоки патарини. На пример за патување од Скопје до Гевгелија и назад, возачите плаќаат вкупно 560 денари за патарини. Споредбено со земјите во регионот Србија за слично растојанија патарините се пониски. Дополнително, Бугарија користи ситем Вињето, каде месечната електронска Вињета чини 940денари, што овозможува неограничено користење на патиштата во текот на целиот месец. Грција има повисоки патарини,  но таа обезбедува значителни попусти за локалните жители и редовните корисници.