Леви за ТВ 24: Се надевам дека ЈО Охрид ќе реагира брзо на нашата кривична пријава за отварање на клубот „Цар Борис Трети“

Пепо Леви претседател на Еврејската заедница во емисијата 24 анализа истакна дека во август имале соопштение каде кажале дека Еврејската заедница е згрозена од нештата кои се случуваат кај нас, како што се отварање на клубовите „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“.

- Најавивме и поднесување на кривична пријава и ангажиравме адвокатска куќа и ја уптавиме пријавата во понеделникот во ЈО во Охрид. Се надевам дека ЈО ќе реагира брзо. Упативме пријава до нив поради отварање на здружението, сите знаеме кој бил тој. Знаеме дека соработувал со нацистите. - вели Леви.