Левандовски го има најбрзиот „покер“ во историјата на ЛШ
Foto

Левандовски го има најбрзиот „покер“ во историјата на ЛШ

Фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски беше стрелец на четири гола синоќа на дуелот со Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите. Полјакот „покерот“ го оствари за 15 минути.

Со тоа го сруши рекордот на Луиз Адријано кој пред пет години како играч на Шахтар на Бате Борисов (7:0) му даде четири гола за 16 минути.

Трет на оваа листа е Кристијано Роналдо кој запиша „покер“ за 20 минути на средбата со Малме пред четири години кога Реал Мадрид победи со 8:0.

0 Коментари

Остави коментари