Леклер за инцидентот во Канада: Направив глупава грешка, но тоа нема да се одрази на главната трка

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја призна својата вина за несреќата на првиот тренинг на Големата награда на Канада, поради што тимот мораше да ја смени шасијата на неговиот болид.

- Сакам да им се извинам на сите во тимот. Никој не го сака ова. Беше многу глупава грешка. Го блокирав воланот, но бев сигурен дека можам да се справам со кривината. Мислев дека дури и да излезам на тревата, ќе избегнам судир со ѕидот. Но, погрешно пресметав, а последиците беа сериозни, оштетувањето на шасијата од контактот со крилото нè лиши од можноста да го користиме понатаму. Секако, штета е поради изгубеното време на патеката, но има и позитивна страна - се чувствував удобно во автомобилот, а нашата брзина изгледаше добро. Точно, тоа беше само трет брз круг, па затоа е прерано да се донесуваат заклучоци. Оваа несреќа воопшто не влијаеше на мојата самодоверба. Ќе дадам сè од себе во квалификациите. Времето ќе покаже. Но, јас сум подготвен да се борам, изјави Леклер за „Motorsport Week“.

Леклер не можеше да учествува на вториот тренинг.

Третиот тренинг ќе се вози денес од 18:30 часот, а квалификациите се закажани за 22 часот. 

Главната трка од Светскиот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Канада ќе се вози утревечер од 20 часот на патеката „Жак Вилнев“ во Монтреал.