Леклер најбрз во Монца, втор е Ботас, трет заврши Хамилтон
Foto

Леклер најбрз во Монца, втор е Ботас, трет заврши Хамилтон

Пилотот на Ферари, Шарл Леклер е победник на трката во Формула 1 возена попладнево на Монца за Големата награда на Италија. Тој успеа да ја искористи пол-позицијата и триумфира втор пат по ред пред големите конкуренти.

На второто место се најде Валтери Ботас од Мерцедес, додека трет беше неговиот клупски колега Луис Хамилтон.

Леклер на Ферари му ја донесе првата победа во Монца по девет години.

Даниел Рикиардо заврши како четврти во Монца, а Нико Хулкенберг петти. Бодови освоија и Алекс Албон, Серхио Перез, Макс Верстапен, Антонио Џовинаци и Ландо Норис.

Во Генералниот пласман лидер е Хамилтон со 284 бода, Ботас има 221, Себастијан Фетел 185, Леклер е четврти со 182.

Следната трка во Ф1 ќе се вози на 22 септември во Сингапур.

0 Коментари

Остави коментари