Леклер најбрз денеска во Барселона, излета Гасли
Foto

Леклер најбрз денеска во Барселона, излета Гасли

Претпоследен ден од тестирањето во Барселона, пред почетокот на сезоната во Формула 1, на 16 март. Насловите ги запоседна Шарл Леклер, кој имаше најбрзо време.

Новиот возач на Ферари ја мина Каталуња за досега најбрзи, 1:16.231, што е за само шест илјадитинки послабо од ланската пол-позиција на Луис Хамилтон. Зад него повеќе од половина секунда задоцни Александер Албон од Торо-росо, а трет беше Ландо Норис од Мекларен.

Од Ферари решија да ја сменат стратегијата во последните два дена, откако вчера имаше незгодно излетување, па наместо двајцата возачи да се менуваат од утро во пладне, денеска само Леклер тестираше цел ден, а утре истото ќе го направи Фетел. Покрај него, излетување денеска имаше Пјер Гасли од Ред бул, откако претходно постави четврто најдобро време.

Шампионот Луис Хамилтон и неговиот колега Валтери Ботас беа десетти, односно дванаесетти.

0 Коментари

Остави коментари