Леклер ја продолжи серијата – пол-позиција и во Сингапур!
Foto

Леклер ја продолжи серијата – пол-позиција и во Сингапур!

Шарл Леклер од Ферари приреди изненадување освојувајќи ја пол-позицијата за трката за големата награда на Сингапур, во ситуација кога доминантни шанси му се даваа на актуелниот шампион, Луис Хамилтон од Мерцедес.

Моначанецот успеа да избие напред во поселдниот летечки круг, кога времето за квалификации веќе истече, возејќи 1:36.217. Со тоа го потисна тимскиот колега Себастијан Фетел, кој дотогаш водеше, но на крај падна и на третото место, бидејќи Хамилтон заврши втор. Макс Ферстапен го дополни вториот стартен ред, Валтери Ботас ќе стартува петти, а вториот возач на Ред бул, Александер Албон – шести. Првата десетка ја дополнуваат Саинц, Рикардо, Хулкенберг и Норис.

Трката во Сингапур е 15. во календарот за 2019 година и во неа Хамилтон ќе влезе со 284 бода, Ботас го следи со 221, Ферстапен е трет со 185.

Утрешната трка во Сингапур почнува од 14.00 часот.

0 Коментари

Остави коментари