Леклер го искрши болидот и предизвика времен прекин на трката за ГН на Италија во Монца
Foto

Леклер го искрши болидот и предизвика времен прекин на трката за ГН на Италија во Монца

Возачот на Ферари, Шарл Леклер не ја заврши трката од шампионатот во Формула 1 за Големата награда на Италија. Леклер во 25. круг излета од патеката и се заби во заштитната ограда.

Поради оштетување на бариерата за гуми, трката беше прекината до санирање на штетата за да не биде загрозена безбедноста на возачите.

Претходно, и другиот пилот на Ферари, Себастијан Фетел предвреме ја заврши трката, па италијанскиот тим останува без поени во Монца. 

Во меѓувреме трката продолжи.

0 Коментари

Остави коментари