Л’Екип: Фуркад одби да раководи со организацискиот комитет за Олимпијадата 2030

Петкратниот олимписки шампион во биатлон Мартин Фуркад, кој важеше за главен претендент за функцијата шеф на организацискиот одбор на Игрите во 2030 година на француските Алпи, одбил да се бори за оваа функција, пишува Л’Екип.

Кандидатурата на Фуркад беше поддржана од претседателот на Франција, Емануел Макрон и од Светскиот олимписки комитет, но тој имаше несогласувања „по фундаментални прашања“ со раководството на регионите домаќини на Игрите. 

Поранешниот биатлонец не бил задоволен од изборот на Лион (административен центар на регионот АУРА) за седиштето на организацискиот комитет. Тој објасни дека за оваа цел ги предложил Гренобл, Шамбери, Екс-ле-Бен и Албервил, кои се поблиску до местата на Игрите. 

- Начинот на кој управуваме, визијата, територијалната поврзаност - не успеавме да најдеме заеднички јазик за овие фундаментални прашања, стои во објаснувањето на Фуркад.

Шефот на организацискиот одбор треба да биде избран на 18 февруари.

Други кандидати за оваа функција се олимпискиот шампион во биатлон Винсент Жеу и поранешната скијачка во слободен стил Мари Мартино.