Лекарска комора: Здравјето на повредените во пожарот во Кочани да е врвен приоритет

Дали посетата на политичарите на пациентите во болничките соби е дозволена според протоколите - ова прашање денеска беше упатено до премиерот Мицкоски кој и вчера и денеска беше во посета на дел од хоспитализираните пациенти.

Мицкоски одговори дека негова задача како прв човек на владата, е преку медиумите да се обрати до граѓаните, со пораки и дека не прави никаков пи-ар од несреќата. Реакции предизвика и српскиот претесдател вучиќ кој вчера со камери и апарти влезе во болницата каде се хоспитализирани македонските пациенти.

Од Лекарската комора денеска апелираа да се почитуваат медицинските протоколи за лекување и заштита на  пациенти, кои предвидуваат изолација и забрана за посети.

„Мора да се има предвид дека овие болни имаат мултисистемско засегање на организмот и зголемен ризик од инфекции. Секој дополнителен контакт со надворешни лица, директно и сериозно, може да го загрози нивното здравје. Присуството на цивилни лица кај овие болни, исто така, може да предизвика и непотребен стрес и вознемиреност, како и да го попречи работењето на медицинскиот персонал“, се вели во соопштението на Лекарската комора.