Лекарот на Марадона под истрага заради можно убиство од небрежност
Foto

Лекарот на Марадона под истрага заради можно убиство од небрежност

Истражувајќи ја смртта на фудбалската легенда Диего Марадона, аргентинската полиција денеска изврши претрес во куќата на неговиот личен лекар, Леополд Луке, обидувајќи се да утврди дали Марадона е жртва на небрежност, пишува Дејли меил.

Весникот наведува дека ќерките на Марадона Далма и Џанина тврдат дека тој не добил соодветни лекови.

Полицијата го истражува лекарот за неговите постапки во последните денови од животот на Марадона, а аргентинските телевизии пренесуваа во живо од претресот во неговата куќа и клиника.

Адвокатот на Марадона, Матијас Морла, минатата недела побара истрага од највисоко ниво за улогата на итната медицинска помош во смртта на Марадона.

Марадона почина од „акутен едем на белиот дроб и хронична срцева исуфициенција“, се наведува во прелиминарниот извештај на обдукцијата.

0 Коментари

Остави коментари