Лекарите апелираат на итно надминување на кризата со несобраниот смет

Експертите за јавно здравје предупредуваат на здравствените ризици поради преполнетите контејнери со ѓубре кои веќе два дена се таложат во главниот град. Високите темеператури и летните горештини дополнително го зголемуваат ризикот од појава на разни заразни заболувања.

„Веќе од среда натака ќе имаме и енормно високи температури што уште по драстично ќе го зголемат проблемот и ќе го подигнат на многу повисоко ниво и веќе ќе може да очекуваме за некој ден можеби и заболувања. Ние како превентивна здравствена установа повикуваме на совест кај сите, не само на раководството туку и на вработените, едноставно затоа што имаме закон за заштита од заразни болести, тука е издравствениот и санитарен инспекторат, ризик веќе имаме тој ризик само ќе се зголемува и не смееме тоа да го дозволиме.“ - изјави проф. д-р Михаил Кочубовски од Секторот за здравствена екологија во Институт за јавно здравје.

Колку подолго трае ваквата состојба толку повисоки се ризиците врз здравјето на граѓаните.

„Тука се и мувите кои што влегуваат во домовите и ако имате храна, или јадете надвор или немате комарници и немате заштита дали инскети или муви ќе влезат ќе имаме преку ланецот на искхрана заразување. Понатака ако е органски отпад кој се распаѓа и тоа трае, има исцедок кој ќе оди на тротоар, па го газите го внесувате внатре, па поантака оди во канализација, па тоа е другиот ризик, плус аерозагадување заради самиот мирис но не е само мирисоту туку и самиот ветар разнесува честички и гасови едноставно сето тоа влијае негативно на човековото здравје замислете тоа да се влоши уште повеќе што би значело.“ - вели Кочубовски.

Лекарите по јавно здравје бараат што побрзо решавање на проблемот со чистењето на ѓубрето и сметот за да не дојде до полнење на инфективните клиники.