Лекари, адвокати и останати службеници вплеткани во криминална мрежа со инвалидски пензии и добивање право за туѓа нега

36 лица осомничени за злоупотреби при доделување на права за туѓа нега и инвалидска пензија. По неколкумесечна истрага, од обвинителството тврдат дека осомничените, како дел од две криминални групи посредувале и овозможувале незаконско стекнување право за инвалидска пензија и туѓа нега за што наплаќале помеѓу 150 и 5.000 евра.

Групите дејствувале во текот на 2023 и почетокот на 2024 година а обвинетите ја искористиле својата положба за да издаваат медицински мислења и одлуки ...Десетмина се товарат за злосторничко здружување, давање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, петмина се обвинети за злосторничко здружување и примање поткуп, додека останатите 19 лица се обвинети за давање поткуп и давање награда за противзаконито влијание... 

Јавно обвинителство

„Организаторите и припадниците на групите – меѓу кои се и лекари, адвокат и службени лица од неколку јавни установи – користеле своја службена положба и реално влијание за незаконско издавање на медицински мислења и одлуки во корист на барателите на права. На овој начин, биле заобиколени одредбите од Законот за социјална заштита.“

Кон крајот на април, обвинителството отвори истрага против 49 лица , осомничени за злоупотреби во постапки за стекнување со право за туѓа нега и право на инвалидски пензии.. Од обвинетите, 13 веќе се спогодиле со обвинителството - првообвинетата е осудена на три години и шест месеци затвор поради злосторничко здружување, давање и примање на поткуп ...Одземени и се и 15 000 евра кои противзаконски ги стекнала... Останатите кои се спогодија добија условни казна затвор од 1 до 2 години....На еден од нив му се одземаат средствата кои ги добил како поткуп во износ од 36.520,00 денари...Од друг пак се одземени 2360 евра и 81 000 денари...

Според обвинителството, во текот на 2023 година првоосомничената порано вработена на универзитетска клиника заедно со други двајца осомничени формирала група која имала за цел вршење на неколку кривични дела... Во меѓувреме припадници на групата станале уште деветмина осомничени од кои двајца како лекари специјалисти биле претседатели на Стручната комисија за издавање на наод, оцена и мислење за потребата од помош и нега од друго лице во рамките на ЈЗУ Општа болница Велес, а останатите лекари специјалисти вработени во Велешката болница, Универзитетска клиника за неврологија Скопје,  ординација за општа медицина и специјалистички ординации од Велес, адвокат од Велес и службено лице во Центарот за социјална работа – Тетово...

Јавно Обвинителство

„Kриминалната група од лица баратели на социјалното право помош и нега од друго лице – туѓа нега, барала и примала парични средства – поткуп или награда за противзаконито влијание. За возврат организаторите и припадниците на криминалната група преземале противправни дејствија на директно или индиректно давање или нудење на парични награди, поткуп на службени лица, како и противправни дејствија на директно или индиректно примање на парични награди или поткуп со што на барателите им обезбедувале исполнување на условите за успешно водење на постапката за стекнување со право на туѓа нега. За остварување на право на туѓа нега тие ги пријавувале барателите што давале поткуп кај матични доктори кои вршат дејност во Велес со цел надлежна за постапување да биде Стручната комисија за издавање на наод оцена и мислење при ЈЗУ „Општа болница Велес“ чиј поранешен и актуелен претседател на комисијата се членови на групата. 

Паралелно, во истиот временски период,  вработена на Универзитетска клиника за уво, нос и грло и член на Комисијата за ревизија на наод, оцена и мислење за утврдување на инвалидност односно неспособност за работа при Министерството за социјална политика, , заедно со првоосомничената и двајца други осомничени создале злосторничко здружување  која ги извршила истите кривични дела како и претходната група... Припадници на групата станале уште 12 осомничени од кои тројца се припадници и на првата група...