Лејкерси сигурно чекорат кон НБА финале, победа од 114-108 над Денвер
Foto

Лејкерси сигурно чекорат кон НБА финале, победа од 114-108 над Денвер

Л.А. Лејкерс се на побед од големото финале во НБА, но добро знаат дека Денвер веќе двапати стигна заостанување од 1-3 во серијата.

Нагетси ќе се обидат да направат вакво нешто по трет пат, откако загубија со 108:114 во натпреварот бр.4 во серијата и повторно се „потпрени до ѕидот“.

Ентони Дејвис и Леброн Џејмс одиграа силен натпревар, но севкупно Лејкерси доминираа, добро се справија во скоковите и имаа предност од 25:4 во поени од втора шанса.

„Кралот“ постигна 26 поени, 9 скока и 8 асистенции, беше одличен во одбраната и реализираше клучни пенали во последниот период. Ражон Рондо додаде 11 поени и 7 асистенции од клупата.

Големиот проблем на Денвер беше што Јокиќ никогаш не влезе во игра откако брзо насобра лични грешки. Србинот остана со 16 поени и 7 скока и во оваа ситуација неговиот тим не можеше да се надева на успех.

0 Коментари

Остави коментари