Лејкерси ја освоија Западната конференција првпат по 10 години
Foto

Лејкерси ја освоија Западната конференција првпат по 10 години

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс го обезбедија првото место во Западната конференција од НБА лигата. Тие ноќеска во Орландо ја совладаа Јута со 116:108 и станаа недостижни за конкурентите за врвот на Запад.

Најефикасен за победата беше Ентони Дејвис со 42 поена.

За ЛА Лејкерс првото место во Конференцијата е освоено по пауза од десет години, односно за првпат по сезоната 2009/10. Тогаш тие ја освоија шампионската титула, последна од нивните 16.

На другите две средби одиграни ноќта понеделник кон вторник постигнати се овие резултати:

Њу Орлеанс – Мемфис 109:99

Филаделфија – Сан Антонио 132:130.

Лејкерс имаат биланс 51-15 (победи-порази), ЛА клиперс 45-21, Денвер 44-23, Хјустон 42-24, Јута 42-25,….

На Исток, лидер е Милвоки со 54-13, следуваат Торонто 48-18, Бостон 44-22, Мајами 42-25, Индијана 41-26,…

0 Коментари

Остави коментари