Лејкерс влезе во победнички ритам

Eкипата на Лос Анџелес Лејкерс влегува во победнички ритам. Синоќа го запиша третиот триумф во НБА лигата против Атланта со 107-106. Одличен старт имаа Лејкерси, па по првата четвртина имаа водство од плус шест, а на полувремето заминаа со еден поен негатива, односно 52-53.

Далеку подобра игра прикажаа во третатата четвртина а потоа следуваше и возбудлив финиш, во кој пресуди искусниот Леброн Џејмс за конечни 107-106 за пораз на Атланта. Леброн беше и најефикасен на натпреварот, запиша 26 поени, четири асистенции и седум скокови, додека во екипата на Атланта најдобар беше Торен Принц со 23 поени. На другите натпервари Хјустон беше подобар од Индијаната 115-103, Њу Јорк претрпе пораз од Орландо 89-115, Милвоки го совлада Денвер 114-121 а победа оствари Портланд над Бостон 100-94.