Лејкерс поразен од Феникс

Екипата на ЛА Лејкерс доживеа пораз на гостувањето кај Феникс од 130-104. Клучната разлика Феникс ја направи во првиот дел од средбата во кој поведе со 24 поени (68-44).

Лука Дончиќ имаше скромна партија постигнувајќи 19 поени во нешто помалку од 29 минути минати на паркетот во дуелот со Минесота. Словенецот беше фрустриран и реагираше на една одлука на судиите, по што заедно со тренерот Кид беа исклучени од наптреварот. Расположените Едвардс и Рид кои постигнаа по 27 поени за Минесота, успеаја да го совладаат Далас и да ми ја донесат на својот тим 16-тата победа во 31-виот натпревар.

Јанис Адетокумбо блескаше со 42 поени во победата на неговиот тим од 119-128 на гостувањето кај Њу Орлеанс. Во интересен и неизвесен натпревар, разликата Милвоки ја направи во вториот и третиот период, кога дојде до +10 разлика, па во последниот период во еден момент и до +18 што беше недостижно за Њу Орлеанс.

 

НБА, РЕЗУЛТАТИ:

 

Кливленд – Јута 122-99

Филаделфија – Торонто 104-101 (по прод.)

Атланта – Орландо 126-125

Хјустон – Сан Антонио 105-124

Минесота – Далас 116-106

Њу Орлеанс – Милвоки 119-128

Оклахома – Портланд 123.121

Феникс – ЛА Лејкерс 130-104

Сакраменто – Шарлот 119-125