Лејкерс го совлада најдобриот тим во НБА, Бостон фаќа победнички залет
Foto

Лејкерс го совлада најдобриот тим во НБА, Бостон фаќа победнички залет

Тимот на Лос Анџелес лејкерс, очигледно, се навикна и научи да игра и без повредените Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, па го совлада и најдобриот тим во НБА-лигата. По долга борба и по едно продолжение, „езерџиите“ синоќа славеа над Јута со 127-115. На 50 секунди до крајот на основниот дел Лејкерс поведоа со 108-105, но Јута направи 5-0 за 45 секунди, но Денис Шредер имаше успешно положување на три секунди до крајот за да се избори за екстра време. Во него, Лејкерс беа убедливо подобри и ѝ го нанесоа 15. пораз на Јута, предводени од Драмонд со 27 и Шредер и Калдвел-Поуп со по 25 коша. 

Голема борба се водеше неколку часа подоцна, во Бостон, каде што Џејсон Тејтум и Стеф Кари влегоа во шутерски двобој, за на крај да победи домаќинот. Селтикс славеа со 119-114 со 44 поени и 10 скока на Тејтум, додека Кари беше автор на 47 поени и седум скока. Ова е шеста победа едноподруго за Бостон и 31. вкупно, со што се издвои осамен на четвртото место на Западот.

На останатите средби: Феникс – Сан Антонио 85-111, Милвоки – Мемфис 115-128, Вашингтон – Детроит 121-100 и Чикаго – Килвленд 106-96.

0 Коментари

Остави коментари