Лефков за ТВ 24: После долги години Албанците во Македонија излегуваат од еднопартискиот систем
Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека народот си го кажал своето и време е Али Ахмети и ДУИ да ја прифатат реалноста.
- Конечно после долги години Албанците во Македонија излегуваат од еднопартискиот систем, здраво е да се отиде во опозиција. Нема доволна тежина на неговите аргументи. Народот гласаше и јасно се гледа каква е структурата. Тоа дека народот гласаше за Европскиот фронт е едно тесно гледање на работите. Тие принципи се напуштени од самиот Ахмети и нема начин на кој би можеле повторно да се врати имплементацијата на таквите принципи. Треба да ја прифати реалноста и пораката од народот. - вели Лефков.