Лефков за ТВ 24: Новата влада е продолжување на заевизмот
Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека се наоѓаме во тешка ситуација и во кризна состојба, а таа состојбае производ на истата влада која сега си најде ново пакување.
- Новата влада е продолжување на заевизмот, зошто ако ја погледнете структурата, тоа е влада која го згуби легимитетот кредибилитетот. Ковачевски не е човек кој се појавил на избори и нема ни легимитет да составува влада. Имаме продолжување на агонијата која тие ја започнаа. Не очекуваме подобрување во ниту една сфера. - вели Лефков.