Лефков за ТВ 24: Ќе ја поддржиме иницијативата да се разговара за референдум

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека ќе ја поддржат иницијативата да се разговара за референдум. Видовме како постапи Зафери и на кои членови на уставот се повика за да ја отфрли, на членот 118.

- Никој не му поднесе барање за закон и никаде во тој член не пишува дека може да се менува со референдум. Она што беше поднесено не беше предлог, туку беше референдум. Позивитно го оценуваме она што повторно се покренува и останува на Левица да ја објаснат како е ова концепирано. Нашето референдумско прашање беше насочено токму кон Договорот кој е извор на сите проблеми. Кажавме дека кога станува збор за европските договори, немаме никакви сомнежи, имаме проблем, зошто покрај разговорите со ЕУ, треба да разговараме на дополнителна маса каде ќе треба да ги исполнуваме бугарските барања. Ние сме за членство во ЕУ и сакаме еднаков третман. - рече Лефков.