Лефков за ТВ 24: Бараме договорот со „Бехтел и Енка“ да биде јавно објавен

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека овој пакет закони стигна со злоупотреба на европското знаменце.

- Овој пакет на закони во Собрание пристигна со злоупотреба на европското знаменце. Правната рамка која ги регулира односите помеѓу Македонија и Европската Унија е спогодбата за стабилизација и асоцијација а институционалната и легислативната рамка произлегуваат од одредени документи како што е националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Ако мислат за доброто на граѓаните треба да се спротивстават. Дополнително поразително е тоа што во сите воведи од законите пишуваше дека законот кој е донесен за стратешки партнер е причина за внесување на овие закони што е апсолутно неточно. Причина за донесување на овие закони е самиот договор кој се крие од јавноста. Ние сакаме Договорот да биде јавно објавен во Службен весник. Со ваквата злоупотреба на европското знаменце, закони и суспендирање на законодавството и криењето на договорот навистина се отиде предалеку и навистина лукративните интереси на оние кој ја извршуваат власта веќе станаа очигледни. Јавноста повеќе од сигурна е дека позади сето ова стојат навистина финансиски лукративни интереси - вели Лефков.