Лефков: Владата и ЈО да не го премолчуваат криминалниот октопод на Груби

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Владата и ОЈО да не премолчуваат за скандалот поврзан со вицепремиерот Артан Груби и неговата семејна фирма.

Според опозиционерите институциите треба во итна постапка да испитаат како може братот на Артан Груби да се стекне со луксузен деловен простор, во строгиот центар на Скопје, од 127 метри квадратни, а истиот да е платен само 100.000 евра.