Лефков: Целосна блокада доколку нема договор за избори ова лето

- Народот не може веќе да чека нешто да се подобри. 5 години државата стагнира, народот осиромашува, криминалот царува. Премногу е. Активната блокада вроди со плод. Ја изнесовме целата корумпираност и лицемерие на власта на површина. Беше потребно Ковачевски и целото СДСМ да глумат дека не го слушнале Талат Џафери како ги пцуе вработените во Собранието и им врши мобинг за да не падне владата. Ниту еден штетен закон не успеаја да протуркаат. 

Доколку нема договор за избори оваа лето, активната блокада ќе премине во целосна блокада. Тоа ќе биде целосна блокада на Собранието, на институциите, на патиштата, протести низ градовите. Нема време за чекање, зошто ако се чека кризата ќе биде уште поголема. - изјави Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.