Лефков: Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици

Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од 1.5 мегавати во Дојран, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

„На крајот на минатата 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче, братот на Венко, формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче. Тој додаде дека Филипче е претседател на СДС за да може уште некој градоначалник од оваа партија да направи добра основа за бизнис зделка нему блиски луѓе, како неговиот брат и на Вице Заев. Филипче е прочитан. Одговори и одговорност мора да има“,  порача Лефков.