Лефков: Блиски луѓе на Груби трупаат милионски бизниси и имот додека народот осиромашува

СДС и ДУИ ги претвораат државните институции во подружници на нивните фирми, државниот апарат се користи за да се создадат добри бизнис услови за фирмите на луѓето од власта, а да се оневозможи развојот на сите други.

Денес ќе отпочнеме со објавување докази како Артан Груби, премиер од сенка, кој го држи Ковачевски на краток ланец, се богати на грбот на институциите со кои управува тој или нему блиски сопартијци.

Семејството Груби трупа милионски бизниси и имот, додека народот осиромашува, болни се молат за лек, ученици за книги, а сиромасите за храна, сето тоа го прави преку братот на Артан Груби, Ветон Груби, сопственик на ЕТЦ Травел. Ветон Груби е човекот околу кој семејството Груби го трупа своето богатство. Со Ветон Груби директно или индиректно се поврзани повеќе бизниси, како што е и бизнисот со баждарење на инструментите за точење на нафтени деривати и гас. Да почнеме со ред.

На 16.09.2021 година, од страна на Ермир Имами од Дебар, вработен во ЕТЦ Травел сопственост на Ветон Груби, брат на Артан Груби, е основана фирмата за баждарење на пиштолите за точење на гориво на бензински пумпи Метролаб. - велат од ВМРО-ДПМНЕ.