Леброн ќе го пропушти натпреварот со Индијана
Првата ѕвезда на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, поради болки во глуждот нема да игра со Индијана.
Четириесетгодишниот Џејмс чувствува болка во левиот скочен зглоб и нема да излезе на теренот на вечерашниот меч.
Оваа сезона Џејмс има просек од 24,5 поени, 7,8 скока и 9,0 асистенции по натпревар, со шут 51,6 отсто од поле и 39,1 отсто за три поени.
Лејкерс против Индијана нема да ги има во составот ниту Лука Дончиќ и многу веројатно Марк Вилијамс.