Леброн го реши дербито на Л.А. при рестартирањето во НБА
Foto

Леброн го реши дербито на Л.А. при рестартирањето во НБА

Л.А. Лејкерс го поразија својот градски ривал Клиперс со 103:101 при рестартирањето на Националната кошаркарска асоцијација (НБА), што се одржува во Орландо, Флорида.

140 дена по паузата во лигата поради позитивен тест за коронавирус на центарот на Јута Џез Руди Гобер, редовните сезонски натпревари беа продолжени со жешкото градско дерби број 3 за кампањата.

Пред натпреварот, тренерите и играчите клекнаа како поддршка на борбата против расната дискриминација. Претходните два дерби дуели ги добија „ножиците“, но тие беа без Монтрел Херел и Лу Вилијамс, кои беа во карантин.

На околу четири минути пред крајот на мечот, „езерата“ ведеа со девет поени разлика, но Клиперси се доближија и шестата тројка на Пол Џорџ на средбата доведе до нерешено 101:101 при останати 28,4 секунди. Тогаш Леброн Џејмс, големата везда на Лејкерс ја презеде одговорноста и по промашување, реализираше од одбиена топка за 103:101 за 12,8 секунди до крајот.

Во нивниот последен напад на мечот, Клиперси не успеаја да обезбедат добра позиција и Џорџ промаши од тројка. Тој тврдеше дека бил фаулиран, но таков не беше досуден и Лејкерс земаа клучен натпревар во продолжението на сезоната.

Над сите за победниците беше Ентони Дејвис со 34 поени, на кои додаде 8 скокови. Леброн забележа 16 поени, 11 скокови и 7 асистенции, а Кајл Кузма заврши со ист број на поени.

За Клиперси, Пол Џорџ постигна 30 поени, а Каваи Леонард додаде 28, но тие се покажаа недоволни за пулените на Док Риверс, кои загубија по 21 пат во кампањата, но остануваат на второто место на Западот зад нивниот градски ривал, кој ја запишаа победата број 50, откако од почетокот на сезоната, заостануваат само зад Милвоки Бакс – лидерот во Источната конференција има 53 успеси.

На следните натпревари Лејкерс играат со актуелниот шампион во НБА Торонто Рапторс, додека Клиперси излегуваат на паркетот против Њу Орлеанс Пеликанс.

„Пеликаните“ загубија во другиот натпревар за вечерта од Јута Jез со 104:106. Џордан Кларксон постигна 23 поени, додека Донован Мичел и Мајк Конли додадоа 20.

За поразениот тим, тројца играчи постигнаа најмалку 20 поени – Брендон Инграм (23), Дру Холидеј (20) и Џеј Редик (21), но кошаркарите на Алвин Гентри го загубија мечот.

На следните натпревари, Пеликана играат со Клиперс додека „џезерите“ излегуваат против Оклахома Сити тандер.

0 Коментари

Остави коментари