Сите се подготвени за големиот спектакл, односно Олстар натпреварот каде што најголемите ѕвезди од НБА-лигата ќе се соочат меѓусебе.
Леброн Џејмс ги избра првотимците на својата екипа, а тоа се Јанис Адетокумпо, Стеф Кари, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, додека резерви ќе бидат Демиен Лилард, Бен Симонс, Крис Пол, Џејлин Браун, Пол Џорџ, Домантас Сабонис и Руди Гобер.
Кевин Дурант ја избра стартната петорка, а таа е составена од Кајри Ирвинг, Каваи Ленар, Бредли Бил, Џејсон Тејтум и Џоел Ембид.
Тејтум беше избран во првиот тим затоа што Дурант не може да настапи, како и Ентони Дејвис, кој се повреди. А во резерви се уште и Џејмс Харден, Девин Букер, Зајон Вилијамсон, Џулиус Рендл, Никола Вучевиќ и Донован Мичел.
0 Коментари