Леао ја доби наградата за играч на месецот во Серија А

Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао  ја доби наградата за најдобар фудбалер во септември во Серија А.

На крилниот напаѓач на Милан му беше врачена наградата пред неделниот натпревар со Јувентус (0:1) во 9. коло.

Минатиот месец Португалецот на пет натпревари во првенството постигна три гола и беше творец на две асистенции.

Милан по девет кола е втор на табелата во Серија со 21 бод, еден помалку од лидерот Интер.