Лажна дојава за бомба во зградата на Народната банка
Лажна пријава била испратена за наводно поставена бомба во зградата на НБРСМ во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата велат дека благодарение на воспоставените протоколи за безбедност од изминатата година за институциите а кои и НБРСМ ги имплементирала „безбедноста е загарантирана со висок степен“.
„Денеска (13.01.2024) по добиена пријава за наводно поставена бомба, од страна на Единицата за антитероризам при Бирото за јавна безбедност се направени потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава“, велат од МВР.