Лазаров го објави поширокиот список за дуелите со Финска и Швајцарија
Foto

Лазаров го објави поширокиот список за дуелите со Финска и Швајцарија

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари за претстојните квалификациски натпревари со репрезентациите на Финска и Швајцарија за пласман на Европското првенство следната година во Унгарија и Словачка.

Македонија во рамките од ЕХФ неделата ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите. 

Првиот е на гости, во Финска на 28 април, додека на 2 мај во CЦ „Јане Сандански” против Швајцарија ќе го одиграат последниот натпревар за пласман на ЕП 2022.

Нашите ракометари веќе имаат обезбеден пласман на ЕП, со оглед на тоа дека се втори на табелата во својата група, со ист број на бодови, шест како и лидерот Данска.

0 Коментари

Остави коментари