Лазаревски: Нема конфликт на интереси кај дел од членовите на Филмскиот совет

Директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски  ги демантираше наводите на Транспаренси интернешнал Македонија, дека имало конфликт на интереси кај дел од членовите на Филмскиот совет. 

Според Лазаревски, проектот во кој била вкучена Ана Опачич бил повлечен откако таа склучила договор со Агенцијата за филм, а Сашко Мицевски побарал изземање поради вклученост во проект кој потоа не влегол ниту во фаза на одлучување уште пред Транспаренси интернешнал да побара документи од нив.

За останатите двајца членови, Лазаревски кажа дека не биле вклучени во ниту еден од проектите кој конкурирале и се повлекле.